дома Македонија Eдиници на вoopужените сили на САД ќе пристигнат на Криволак за меѓународна...

Eдиници на вoopужените сили на САД ќе пристигнат на Криволак за меѓународна вoeна вежба

Владата донесе одлука за влегување на инженерски единици на вооружените сили на САД на територијата на Република Македонија, со цел изведување на подготовки за меѓународна вежбовна активност „Одлучен удар 21“, која ќе се одржи на армискиот полигон Криволак.

Припадниците на 15-тиот инженерски баталјон од американските сили во Европа треба да пристигнат во Македонија во текот на овој месец и заедно со инжинерците на АРМ ќе работат на подобрување на инфраструктурата на полигонот Криволак, кој е наш најголем вежбовен капацитет и воедно капацитет на НАТО.

Подготовките на Криволак се вршат во пресрет на вежбата „Одлучен удар 21“ која ќе се одржи на крајот на пролетва, како дел од серијата вежби „Defender Europe 21“ („Бранител Европа 21“), на која учество ќе земат над 2.000 војници на армиите на Македонија, САД, Бугарија и на Грција.