September 26, 2022, 11:05 am

Eдна анкета кажува се: Еве зошто СДCM ги зaгyби изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истражувањето на јавното мислење, што го спроведе агенцијата М-Проспект, непосредно пред првиот изборен круг, ги открива вистинските причини за лошиот резултат на СДСМ, пренесува Плус Инфо.

За сопствени потреби, агенцијата М-Проспект, во периодот од 7 до 16 октомври 2021 година, спроведе телефонско истражување со цел испитување на јавното мислење на граѓаните во однос на локалните избори на 17 октомври 2021 година и на факторите на влијание врз изборот. Беа испитувани перцепциите за локалните избори, за политичката понуда, за гласањето на локалните избори и дали има промена во гласачките преференци, како и други фактори на влијание – насока на движење на државата, доверба во владата, надворешна политика (односот со Бугарија), како и одговорноста за пожарот во ковид-центарот во Тетово.

Анкетата беше спроведена на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, постари од 18 години, со маргина на грешка од +/- 3% со ниво на доверба од 95%. Опфатени беа сите осум статистички региони, притоа земајќи го предвид односот на рурални и урбани средини. Случајниот избор на испитаници обезбедува репрезентативност во однос на полот, возраста, етничката припадност, нивото на образование и работниот статус.

Мало задоволство од понудата
Граѓаните беа прашани дали ја следат кампањата за локалните избори, за политичката понуда, дали ќе гласаат на локалните избори и дали има промена во гласачките преференци. Двајца од тројца граѓани, или 65,5%, целосно и донекаде ја следат кампањата за локалните избори. Повисок интерес за кампањата (70,5%) има меѓу етничките Македонци, отколку кај етничките Албанци (53,7%). Со најголем интерес кампањата ја следат гласачите на СДСМ (79,1%).

Мало мнозинство или 52% се целосно или донекаде задоволни од политичката понуда (кандидати/програми) на локалните избори.

Во однос на веројатноста за гласање на локалните избори, 30,1% од испитаниците се сигурни дека ќе гласаат, а 35,8% веројатно ќе гласаат, или вкупно 65,9% рекле дека ќе гласаат на локалните избори.

Одѕивот на првиот круг на локалните избори на 17 октомври 2021 година изнесува 51,44% или 938.631 граѓани. Одѕивот се пресметува во однос на вкупниот избирачки список кој содржи и граѓани на Македонија, гласачи, кои не живеат во земјата. Доколку се земе предвид пописот од 2021 година, може да се претпостави дека бројот на гласачи кои се присутни во земјата изнесува околу 1.5 милиони гласачи и од тука реалниот одѕив е околу 62%. Граѓаните кои велат дека ќе излезат на изборите (65,9%), се во релација со граѓаните кои ја следат изборната кампања (65,5%). Помалку етнички Албанци (50,6%) се изјасниле дека ќе излезат на локалните избори. Тоа може да биде во сооднос со помалото задоволство од политичката понуда.

Битна промена на преференцата за гласање, поради перцепцијата дека земјата се движи во погрешна насока
Додека големо мнозинство од 78,2% од граѓаните не ги промениле гласачките преференци од минатите парламентарни избори во 2020 година, 18,8% сепак изјавуваат промена на гласачките преференци. Водечка причина за промена на гласачките преференци е движењето на земјата во погрешна насока (69,7%), по што следат кандидатите и програмите (20,7%). Кампањата има влијание кај 3,2%, а анкетите за рејтинзи на 1,1%.

Граѓаните беа прашани за правецот во кој се движи државата, за довербата во Владата, за односите со Бугарија и за одговорноста за пожарот во ковид-болницата во Тетово.

Еден од двајца граѓани, или 51,6% од граѓаните, смета дека државата се движи во погрешна насока, а еден од пет или 19,3% дека се движи во правилна насока. Дека стои во место сметаат 27,5% од граѓаните. Во истражување од април 2021 година, 30,9% од граѓаните сметале дека државата се движи во правилната насока. 54% од гласачите на СДСМ велат дека државата се движи во правилна насока, но и меѓу нив 24,6% сметаат дека државата се движи во погрешна насока.

И гласачите на СДСМ незадоволни од односот со Бугарија
Целосна доверба во Владата имаат 11,7%, а донекаде доверба 27,1%, или вкупно доверба имаат 38,8%, а недоверба имаат 60,5% граѓани. Довербата во Владата е намалена од 42% во април 2021 година, на 38,8% во октомври 2021 година.

Во надворешната политика, како и во ЕУ интеграциите, клучно е прашањето на односите со Бугарија. Меѓу граѓаните е висока е перцепцијата од 46,5% дека односот со Бугарија се движи во погрешна насока. Перцепција дека односот со Бугарија се одвива во погрешна насока имаат и гласачите на СДСМ (31,8%)

Граѓаните очекуваа Владата и Филипче да понесат одговорност за пожарот во ковид-болницата во Тетово

На прашањето за морална одговорност за пожарот во Ковид19 болницата во Тетово, четири од пет граѓани или големо мнозинство од 79% сметаат дека треба да има морална одговорност, 13,1% дека никој не треба да одговара, а остатокот нема мислење. Најголем број граѓани одговорноста ја очекува од Владата (29,4%), министерот за здравство (23,6%) и директорот на болницата (19,8%).

Извор: Плус Инфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This