дома КОВИД-19 (Коронавирус) Eднa нeдeлa kpизнa cocтojбa: Штo e пpeзeмeнo зa cпpaвyвaњe co Koвид-19?

Eднa нeдeлa kpизнa cocтojбa: Штo e пpeзeмeнo зa cпpaвyвaњe co Koвид-19?

Помина една недела од Одлуката за постоење кризна состојба на територијата на цела држава, донесена од страна на Владата во насока за заштита на јавното здравје во услови на постоење пандемија и заради спречување на ковид-19.

Главните тела задолжени во кризната состојба се Главниот штаб и Управувачкиот комитет.

Со Главниот штаб раководи в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, а во него учествуваат претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно Законот за управување со кризи. Штабот е оперативно стручно тело коешто раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Според информациите достапни на веб страната на ЦУК, досега Главниот штаб има одржано 3 седници, на кои што е усвоен Акцискиот план. Истовремено, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период со цел заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Овој Акциски план се донесува заради координирано остварување на мерки за справување со кризната состојба.

Управувачкиот комитет е највисоко тело кое управува со кризната состојба, за чии одлуки, досега, малку се знае во јавноста.