Eпидeмијата е под koнтрола: Данска прогласи победa над Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Данската влада повеќе нема да го смета Ковид-19 како „социјално критична болест во Данска“, наведувајќи го како причина големиот број на вакцинирани лица во таа скандинавска земја.

„Епидемијата е под контрола. Имаме рекордно висока стапка на вакцинација“, изјавил данскиот министер за здравство Магнус Хеунике, пренесува „AP“.

„Почнувајќи од 10 септември можеме да се откажеме од некои посебни правила кои моравме да ги воведеме во борбата против Ковид-19“, изјавил министерот.

Во пракса тоа значи дека делумното укинување на барањата за поседување зелени сертификати за некои големи настани, како концерти, како и за влез во ноќните клубови ќе почне да се применува на дело.

Инаку, Данска од 1 јули воведе дигитален пасош за коронавирусот кој мораше да се покажува кога и да беше потребно тоа.

„Иако сме во добра позиција, не излеговме целосно од епидемијата. Владата нема да се двоуми да делува брзо доколку епидемијата повторно загрози важни функции во нашето општество“, додал министерот.

Хеунике изјавил дека 80 отсто од сите луѓе постари од 12 години во Данска се вакцинирани.

Инаку, примањето на вакцината во Данска е доброволно и достапно за сите лица постари од 12 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This