Eвe кaдe македонците мoжaт дa oдaт нa мope бeз никaкви ycлoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето за летен одмор е на прагот и сигурно многумина размислуваат каде да летуваат. Граѓаните кои планираат да го поминат одморот надвор од границите на Македонија се заинтересирани за сите услови што мораат да ги исполнат за да го поминат летниот одмор во странска земја.

Кога влегуваат во Хрватска, граѓаните на Македонија можат да достават негативен PCR или брз антиген тест не постар од 48 часа и нема да мора да го повторат тестот по влегувањето во Хрватска ако останат подолго од 10 дена, пишува порталот Кластер.

Ако луѓето преживеале kovid-19, тие ќе можат да ја преминат хрватската граница со потврда за прележаност што важи 180 дена.

Тие исто така можат да влезат во Хрватска со потврда дека биле вакцинирани, 14 дена по приемот на втората доза на вакцината.

Во случај на неможност за тестирање, се определува мерка за самоизолација во траење од десет дена и во овој случај. По пристигнувањето на граничниот премин, потребно е да се претстави потврда за платено сместување.

Граѓаните на Македонија можат да влезат во Црна Гора безусловно, односно на граничниот премин не се должни да презентираат никаков доказ во врска со вирусот, нетреба ниту сертификат за вакцинација, освен доколку пристигнуваат во Црна Гора од странска земја која е со висок ризик.

Според новите правила, кои стапија на сила вчера, луѓето кои биле вакцинирани најмалку 14 дена пред да влезат во Турција или биле заболени од коронавирус во последните шест месеци, ќе можат да влезат во Турција без да покажат негативен тест за ПЦР.

Лицата кои не исполнуваат ниту еден од двата услови ќе можат да влезат или со негативен тест за PCR направен не подоцна од 72 часа пред летот или со брз тест на антиген направен не повеќе од 48 часа пред летот.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Извор: klaster.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This