Eвe кoи cимптoми мoжe дa ce jaвaт пo пpимaњe нa руската вakцинa „Sputnik V”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во повеќето случаи вакцинирањето добро се поднесува, а ако се јави физичка слабост, нема причина за грижа, тоа е нормална индивидуална реакција на организмот и еден од знаците за формирање на имунитет.

Граѓаните на Москва, кои веќе почнале да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирусот добиваат потврда за вакцинација и упатство со список на симптоми кои може да се јават по вакцинирањето, со совети како да постапат во таков случај.

Во упатството се наведува дека секој десети човек, вакциниран со „Sputnik V”, може да почувствува слабост или мачнина.

Во повеќето случаи вакцинирањето добро се поднесува, а ако се јави физичка слабост, нема причина за грижа, тоа е нормална индивидуална реакција на организмот и еден од знаците за формирање на имунитет.

На тие кои по вакцинирањето ќе им се јави слабост, општ замор и мачнина им се советува да ја намалат физичката активност и повеќе да одмораат.

Во упатството се истакнува дека кај 5,7 отсто од вакцинираните може да се јават болки во коските, треска, главоболка или температура повисока од 37 степени.

– Во случај телесната температура да е над 38 степени се препорачува да се земе таблета за намалување на температурата и против болки, а доколку температурата е над 39 степени и не се симнува во рок од четири часа по земањето на лекови, неопходно е лицето да се јави на лекар – се вели во упатството.

Кај 4,7 отсто од вакцинираните се јавува болка, чешање, отоци и црвенило на местото на вакцинирање. По правило за ова не е потребно лекување, но може да се земе лек против алергија за да се намали отокот и чувството на непријатност.

Еден и пол отсто од вакцинираните пациенти може да имаат затнат нос, да им тече носот или пак, чувство на скокоткање во грлото и на нив им се советува да пијат многу течност и да употребуваат спреј за нос.

Во помалку од еден отсто од вакцинираните може да дојде до забрзан пулс или до зголемен притисок.

Претседателот на Русија Владимир Путин побарал од потпретседателот на руската влада Татјана Голикова идната недела да почне масовно вакцинирање против коронавирусот.

Вакцината „Sputnik V”, која ја произведува Научно-истражувачкиот институт „Gamaleja” во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август добила потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, и со тоа стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Русија има уште една регистрирана вакцина „Epivak korona” центра „Vektor”, а во подготовка е и третата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This