дома Македонија Eден од возачите немал сертификат за меѓународен слободен превоз на патници

Eден од возачите немал сертификат за меѓународен слободен превоз на патници

Министерот за транспорт и врски, Благо Бочварски ги потврди информациите на Инфомакс дека ниту еден од починатите возачи не биле вработени во компанијата „Беса Транс“.

Бочварски на прес-конференцијата одговори и на прашањето на Инфомакс дали возачите ги поседувале потребните сертификати за меѓународен слободен превоз на патници.

На еден од возачи сертификатот му истекол во 2020 година, додека другиот се уште поседувал валиден сертификат кој важел до 2023 година.

Инфомакс претходно објави дека ниту еден од двајцата шофери кои ги загубија своите животи во трагичната несреќа во близина на Пирогов, Бугарија на автопатот Струма не биле вработен во компанијата „Беса Транс“.

Во моментов компанијата „Беса Транс“ има само пет вработени, а имињата на возачите кои се наоѓале во автобусот кобната вечер, не се помеѓу имињата на вработените.

Фактот што еден од возачите не ја поседувал потребната лиценца за превоз на патници само дополнително ја зголемува одговорноста кај власта за големата трагедија во која 45 лица го загубија својот живот.

Линк од претходната објава:

Возеле на црно? – Ниту еден од зaгинатите шофepи не бил вработен во „Беса Транс“