дома КОВИД-19 (Коронавирус) Eднa тpeтинa oд aмepикaнcкитe вojници нe caкaaт дa ce вakциниpaaт пpoтив Koвид-19

Eднa тpeтинa oд aмepикaнcкитe вojници нe caкaaт дa ce вakциниpaaт пpoтив Koвид-19

Претставници на Министерството за одбрана на САД изјавија дека околу една третина од припадниците на вооружените сили одбиле да примат вакцина против коронавирусот.

Генерал-мајор Џеф Талиаферо ги претстави тие информации на американскиот Конгрес.

Тој додаде дека околу две третини од припадниците на вооружените сили ја прифаќаат вакцината, но подвлече дека ова се само првите податоци што ги има Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека нема детални податоци во врска со вакцинациите меѓу припадниците на вооружените сили.

Тој потврди дека 916.000 припадници на американската армија примиле вакцина против Ковид-19.