дома Хроника Eднo лицe e тeшkо пoвpeдeнo вo cooбpaќajкa кaj Мислешево

Eднo лицe e тeшkо пoвpeдeнo вo cooбpaќajкa кaj Мислешево

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 09.20 часот на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото с.Мислешево.

Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „хјундаи“, со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(59) од Струга и товарно возило „форд“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од струшкото с.Драслајца.

-Во незгодата, возачот А.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.