April 23, 2024, 12:00 pm

Eкcпepтитe пpизнaa дeкa имyнитeт нa cтaдo никoгaш нeмa дa бидe дocтигнaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоа значи дека за невакцинираните животот ќе биде многу потежок.

Деновите се случува големо збогување. Се се одвива бавно, без најави и медиумски соопштенија, но повеќе не може да се запре. Последиците ќе се чувствуваат во наредните месеци, можеби и години, и тоа многу подалеку од Германиjа. Станува збор за збогување од илузијата на колективен имунитет.

Минатиот понеделник, германскиот министер за здравство Јенс Шпан собра на онлајн сотанок мала група експерти- доктори, политичари и јавни службеници. Темата била јасна, следните чекори во борбата против пандемијата и големата цел по која речиси сите влади од светот сакаат да ја достигнат- имунитет на стадо.

Тоа претставува имунизирање на доволен број луѓе за ширењето на вирусот да се сведе на минимум. Тоа беше голема надеж која, како што пишува „Шпигл“ најверојатно веќе паѓа во вода.

Претставникот од Институтот „Роберт Кох“ пред групата експерти јасно кажал дека за достигнување на колективен имунитет на коронавирус е неопходно да се имунизира 85 отсто од населениото на возраст од 12 до 59 години, како и 90 отсто од луѓето што имаат над 60 години. Тоа е официјален став кој Институтот веќе се месеци го повторува и планот бил тоа да се постигне до септември.

Меѓутоа, според изворите, поголем број од учесниците на состанокот се изјасниле дека таа цел повеќе не е реална. Тие сметаат дека цифрата од 85 отсто вакцинирани никогаш нема да се достигне и дека тоа е очигледно. Тоа му е јасно и на здравствениот експерт Карл Лутербах, член на Социјалдемократската партија кој присуствувал на состанокот.

-За жал, тешко ми е да замислам дека ќе достигнеме имунитет на стадо. Вакцинирани се 44,6 отсто, а стапката на вакцинација е веќе драстично забавена, рекол тој, а неговите зборови можат да го опишат и она што моментално се случува во многу земји ширум светот.

Еуфоријата околу вакцините опаѓа, ја замени „вакциналниот замор“.

Еден од присутните на состанокот во Берлин откри дека се дискутирало за последиците од таквата ситуација, како и за можните алтернативи.

-Моделите покажуваат дека дури и ако достигнеме 75 отсто вакцинирани и да претпоставиме дека околу 10 отсто ќе се заразат и покрај тоа што примиле две дози, сепак нема да можеме без ограничувања за физички контакт, рекол тој.

А кога фузичката дистанца и ограничувањата на собири се споменуваат и покрај функционалните пунктови и доволниот број на вакцини за сите, јансо е дека се тргнало по погрешен пат.

Се до овој пресвтувачки момент пандемијата политика, покрај рестрикциите имаше охрабрувачки тон. Одрекувањата беа привремени, додека не се вакцинираат доволен број на луѓе. Но невозможноста да се дотигне колективен имунитет значи дека нема да биде готово за сега, и дека најверојатно никогаш нема да биде готово.

Делта варијантата веќе се погрижи ова лето да не биде слободно и безгрижно, како што се надеваа сите. Државите сега се подготвуваат за уште една есен, веројатно и зима со вирусот. Сепак, секаде може да се чуе дека ново затворање не е опција. Враќањето во „нормала“ останува план за есен и покрај агресивните соеви.

Кога војната не може да биде добиена, мората да живеете со непријателот и да се надевата на каков-таков мир. Кон оваа алтернатива полека се насочува Германија, пишува „Шигл“, а нема сомнеж дека ќе ја следат и другите европски и светски влади.

Како ќе изгледа тој соживот со вирусот ќе зависи од процентот на луѓе кои на крајот ќе одбијат да примат вакцина и покрај сите апели, молби и притисоци. Иако европските земји во последно време свртија нов лист и почнаа да наредуваат задолжително вакцинирање за одредена група граѓани. Германија порача дека нема да тргне по тој пат, а се чини дека и останатите влади нема да се одлучат за задолжителна вакцинација.

Тоа веројатно значи дека во иднина секојдневието ќе биде покомплицирано за невакцинираните. Шпан минатата недела го најави тоа кога кажа дека оние кои не примиле вакцина нема да можат бесплано да се тестираат. Ова и други бенефити за вакцинираните сугерираат на тоа дека новите мерки ќе се обликуваат за ограничување на невакцинираните. И не само во Германија- грчката влада отворено порача дека сите идни мерки ќе се однесуваат само на оние кои не примиле вакцини, а нешто слично изјави и францускиот претседател Еманиуел Макрон.

Новата реалност ќе биде поделена. Поинаку ќе изгледа за вацинираните а поинаку за невакцинираните. Ова ќе ги продлабочи поделбигте, но далеку понепријатна опција е вакцинираните да го носат товарот од одлуките на тврдоглавите антиваксери.

Пандемијата е голема лекција за солидарноста, заклучува „Шпигл“, но таа не подразбира претпазливост кон оние кои поради сопствените резерви ја загрозуваат целокупната заедница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This