Eкc диpeктopкaтa нa ДЗC: Тaкaнapeчeниoт пoпиc e нeycпeшeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгогодишната поранешна директорка на Државниот завод за статистика, доц. д-р Благица Новковкса, го оцени Пописот 2021 како неуспешен, нарекувајќи го таканаречен. На својот фејсбук профил, таа појасни дека со овој попис е потценет народот, и тој што уште е тука и оној што си заминал, но кој ги разбра и препозна сите некадарности, игри и договорени планови на надлежните.

-Во Македонија се попишани 1,8 милиони лица, а 204.000 се самопопишале во Дијаспората. така барем не информираа. Но заборавија да кажат дека намерно не предвидоа контролни механизми и оставија отворен простор за двојно попишување. Најавуваа ЕП, електронски попис, а спроведуваа ЕМБГ попис. Турбо собирање на единствени матични броеви, дупло попишување и овде и таму. Се чудев зошто европските земји си молчат за дуплото попишување, но за нив се тоа ситни дупликати, ама за нас се крупни последици, напиша Новковска.

Цитирајќи ја изјавата на актуелниот директор на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во која вели дека „со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата“, Новковска се прашува што тоа значи и дали знае директрот што кажува.

–Не знае колку одбиле да се попишат, ама вели дека сите се целосно опфатени. Да го потсетам, дека единица на попис им беа државјаните. Не знам дали знае, но најсигурно е дека затворија нешто што ќе треба наскоро да го отворат и да видат со што го наполниле. Единствено е сигурно, дека собрале 1.832.696 ЕМБГ. Така барем ја информираа јавноста, напиша Новковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This