дома Занимливости EЛЕНА ОД СИТЕЛ PEBOЛТИPАHА ОД ТРИ ГОСПОЃИ: „Многу се paзочаpав“

EЛЕНА ОД СИТЕЛ PEBOЛТИPАHА ОД ТРИ ГОСПОЃИ: „Многу се paзочаpав“

Водителката Елена Стојановска имаме прилика да ја гледаме секој ден во „Утринската емисија“ на Сител телевизија.

Од раните утрински часови, без оглед на тоа како и започнал денот, Елена секогаш е подготвена и расположена за своите гледачи, љубезно и професионално ја врши работата.

Меѓутоа, деновиве Стојановска се налути и беше револтирана од однесувањето на вработените на еден шалтер во населбата Кисела Вода. Таа на својот „Инстаграм“ напиша статус и откри дека е револитрана од однесувањето на три вработени.

„Денес во Комерцијална банка во Кисела вода, се разочарав од бирократскиот однос на трите вработени госпоѓи на шалтер. Немаат систем за бројчиња, па клиентите фаќаат ред каде стигнат. Господинот пред мене го караа што рекол дека сака да стави 1000 денари на картичката за поврат на кредит, требало да каже да уплати. Иронично, пред сите, го испрашуваше граматика. Втората, на бабичката пред мене и викаше да се стрпи, да и го дала договорот за да појде на лековита бања. Жената само љубезно се распрашуваше. Третата, пак разговараше со еден господин, пензионер, толку остро и со повисок тон, како тој да е виновен што не слуша најдобро. „Ме разбравте, салдото ви е нула“. Ок, сите разбравме. Не разбирам само зошто сте толку лоши“ напиша водителката на својот профил.