дома КОВИД-19 (Коронавирус) Eпидeмиoлoзитe ги бapaат кoнтaктитe на Амди Бајрам: Poднинитe нe caкaaт дa copaбoтувaaт

Eпидeмиoлoзитe ги бapaат кoнтaктитe на Амди Бајрам: Poднинитe нe caкaaт дa copaбoтувaaт

Починатиот Амди Бајрам е влезен во денешната ковид статисатика, откако вчера попладне неговиот постмортем тест покажа дека е позитивен на корона вирусот. Информацијата за Сител ја потврдија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и со тоа се отвора можноста за изолирање на сите контакти кои непосредно пред смртта биле со поранешниот пратеник, но и сите оние кои присуствуваа на свадбата на внуката на Бајрам во Турција.

Како што објави Сител, епидемиолозите се жалат дека роднини не сакале да соработуваат, но и да ги кажат лицата кои биле на свадбената церемнонија. Дали има кластер и колкумина се во ризик да се заразат со вирусот најверојатно ќе дознаеме утре.

Од друга страна, уште синоќа Министерството за здравство излезе со соопштение по информациите дека починатиот Амди Бајрам има позитивен тест на корона, дека Центарот за јавно здравје ги презема сите мерки за заштита и спречување на ширење на инфекцијата.