дома Македонија EBE ОД ШТО ПОЧИHA PEKETИРАНИОТ ЛУКОВСКИ: Неговата сопруга ја открива причината за...

EBE ОД ШТО ПОЧИHA PEKETИРАНИОТ ЛУКОВСКИ: Неговата сопруга ја открива причината за неговата cmpт

Сопругата на Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина на 28 ноември на 57-годишна возраст, за „Фокус“ ја откри причината за неговата смрт.

– Прочитав дел од шпекулациите за смртта на мојот сопруг и таткото на моите деца. Со цел да се стави крај на сите невистини и претпоставки решив да прозборам јавно. Дијагнозата е Интерцеребрална хеморагија, односно мозочен удар. Се друго е неточно. Жарко боледуваше пред неколку години, но со соодветна терапија ја победи болеста. Ова што се случи е комплетно неочекувано и секако огромен шок – вели Луковска за „Фокус“, додавајќи дека нејзиниот сопруг не починал во Србија, како што некои медиуми објавија, туку во Скопје.

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука на возраст од седум и шест години.

– Жарко беше прекрасен сопруг и неверојатен татко – изјави неговата сопруга.