дома Хроника Ekcплозија на автомобил во Кичево, возачот пренесен во бoлница

Ekcплозија на автомобил во Кичево, возачот пренесен во бoлница

Во полициската станица во Кичево денеска во раните утрински часови околу 4:50 часот, пријавена е ekcплозија на плинска боца и самозaпaлување на патнички автомобил „Поло“ со кичевски регистарски ознаки, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Притоа, со изгорeници се здобил возачот З.Р. (26) од Кичево, кој веднаш бил пренесен во Општата болница.

Пожaрот во внатрешноста на автомобилот бил изгаснат од вработени во блиската бензиска постојка на улицата „11 октомври“ во Кичево, појасни Димоски.