дома Автомобилизам FERRARI СО НОВИ МОДЕЛИ ВО БЛИСКА ИДНИНА: Ferrari SUV пристигнува во 2021...

FERRARI СО НОВИ МОДЕЛИ ВО БЛИСКА ИДНИНА: Ferrari SUV пристигнува во 2021 година, додека LaFerrari ќе пристигне во 2022 година

Италијанскиот производител Ferrari во 2021. година ќе го претстави својот прв SUV модел, а една година подоцна ќе пристигне и наследникот на LaFerrari.

Ferrari своето дебитантско издание на пазарот во crossover варијанта ќе го означи како FUV – Ferrari Utility Vehicle. Одамна не е тајна дека Ferrari одлучи да ја прошири својата понуда со SUV модел, со оглед на тоа дека нивната најблиска конкуренција веќе го направи тоа. Porsche одамна го нуди својот Cayenne, а Lamborghini со Urus за двојно ја зголеми својата продажба.

SUV моделот ќе го носи името Purosangue, што во превод значи „чиcтoкpвeн“, а ќе биде базиран на неодамна претставениот модел на Ferrari, Roma. Како и да е, никој надвор од Маранело не знае како ќе изгледа овој автомобил, но може да се очекува сличности со останатите модели на Ferrari, односно ocтpи линии, агpecивeн аеро пакет, големи тркала и слично.

Се очекува да биде напојуван од хибриден систем развиен да се прилагоди на V6, V8 и V12 агрегатите на Ferrari. Purosangue се очекува да биде посилен од споменатиот Urus, како најголем конкурент, односно треба да постави нови стандарди кога станува збор за перформансите на спортските SUV модели.

Најмоќната верзија би требало да користи 6,5 литарски атмосферски мотор без прибегнувања кон електрификација. Purosangue ќе биде четворосед со должина од околу пет метри, направен на нова архитектура, со подесувачко потпирање и импресивна возачка динамика на патиштата и одредени оф-роуд можноcти.

Една година подоцна Ferrari ќе го претстави и својот нов хипер-автомобил. LaFerrari ќе биде наследен од моделот Galliera која не мора да значи дека ќе има повеќе кoњcки cили од SF90 Stradale (986) бидејќи компанијата од Маранело својот фокус ќе го насочи кон аеродинамиката и намалување на тежината.