дома Технологија GOOGLE ПОДГОТВУВА НОВА ФУНКЦИЈА: Батеријата на смартфоните ќе трае подолго

GOOGLE ПОДГОТВУВА НОВА ФУНКЦИЈА: Батеријата на смартфоните ќе трае подолго

Google конечно одлучи дека ќе работи на нова функција која ќе го продолжи траењето на батеријата на мобилните телефони.

Веројатно е дека од компанијата веќе бараат нов начин како да го продолжат траењето на батеријата.

Екраните на повеќето нови уреди имаат фрекфенција на освежување од 90 Hz, некои дури од 120 Hz. Ова е дополнителен пpитиcoк за траењето на батеријата и е најчест пpoблeм на смартфоните.

Ultra Low Power Mode е решението кое го одбра Google. Оваа функција најпрвин ќе биде достапна за смартфоните на Pixel, но не се знае кога ќе биде претставена и на останатите Android уреди.

Google не го измисли овој концепт. Samsung го популаризираше Ultra Low Power Mode уште во 2014 на смартфонот Galaxy S5, па најверојатно новите функции на Google ќе наликуваат на концептот на Samsung.

Тука пред сè се мисли на монохроматскиот екран, исклучување на интернет конекцијата и дозволен пристап само на основните функции.