дома Македонија Hивoaтa нa peкитe пoд и oкoлy oктoмвpиcкиoт пpoceк

Hивoaтa нa peкитe пoд и oкoлy oктoмвpиcкиoт пpoceк

Нивоата на реките низ земјава не бележат позначителни промени во однос на вчерашните вредности. Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, и натаму нивото на Вардар кај Јегуновце е драстично намалено во однос на просекот за октомври.

Пониски од октомврискиот просек се водостоите на Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Вардар кај Демир Капија, Лепенец кај Скопје, Струмица кај Ново Село и Црна Река кај Новаци.

И состојбата со езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, не бележи поголеми промени од вчера.