Hикако пomилување или амнecтија: 3aeв согласен со повторување на cyдењето за 27 април ако има нови дokaзи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев откако се вакцинираше со кинеската вакцина на Синофарм одржа прес-конференција за медиумите во која соопшти дека осудените за 27 април ги имаат истите права кои ги има секој еден граѓанин, а тоа е правото на повторно судење.

Според него во никој случај овие луѓе не треба да бидат амнестирани или помилувани, но доколку има нови докази или нови моменти да се повтори судењето.

-Претседателот не го поддржа и ве молам, прашајте го претседателот затоа што сум во контакт со претседателот, претседателот кажува отворено барем тоа и со мене го има споделено, а тоа е мојот став. Како и за сите други случаеви секој има право на постапка на повторување на судење доколку има нови докази, нови аргументи кои што влијаат Судски совет кој е надлежен за таа работа да одлучи за тоа ако се случуваат непринципиелни работи надвор од вредностите во кои што живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш и системот на пеналење и казнување губи смисла. Така да секако никако помилувања, никако амнестии во тој дел. Правото како за сите граѓани го има вклучително и тие кои што се осудени за настаните од 27 април. Ако има некои нови докази секако сите го имаат тоа право, впрочем така го појаснува и претседателот на државата, вели Заев.

Претседателот Стево Пендаровски додаде дека луѓето кои влегоа внатре не се терористи, дури и оние кои што физички напаѓаа луѓе.

-На Мицкоски изјавата беше на место, единствен начин со кој што можеш да ја расчистиш маглата ако мислиш дека ја има околу целиот тој настан е со нови докази, со нови сведоци евентуално, и да бараш преотворање на случајот. За тоа што јас инсистирам како легалист до смрт ние мораме да одиме по правните процедури, рече Пендаровски.

Во интервју како лидер на тогашната опозиација, Зоран Заев во месец мај 2017 година, дадено за српски „Курир“, претседателот на СДСМ Зоран Заев одеше дотаму да тврди дека осудените во „Монструм“ биле невини, односно дека немало никакви докази оти тие се виновни.

Запрашан дали има докази кои расветлуваат што се случило на Смилковското езеро каде се убиени четири деца и еден риболовец, Заев одговара:

-Постојат разговори кои покажуваат дека за луѓето кои се во затвор нема никакви докази за тоа. Во разговорите не постојат докази кој тоа го направил, но постои сомнение дека власта е вмешана.

И на повтореното судење за Монструм судот изрече казни од 15 и 9 години затвор за двајца од обвинетите, додека еден беше ослободен од вина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This