дома Македонија Hитy со две mиниmaлни плaти нe мoжe да ce покpиe миниmaлната потpoшувачка...

Hитy со две mиниmaлни плaти нe мoжe да ce покpиe миниmaлната потpoшувачка кoшницa

Потрошувачката кошница во октомври изнесувала 33.704 денари.

Податокот го соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Со две минимални плати не може да се покрие потрошувачката кошничка.

Вообичаено најмногу се троши за храна и пијалоци.

Во кошничката, исхраната и пијалаците учествуваат со 14.092,64 денари, домувањето со 10.812,82, хигиената со 2.388,61, а превозот со 2.469,16 денари.

За облека и обувки се потрошиле по 2.157,26 денари, за култура 1.066,79, додека за одржување на здравјето вкупно 716,91 денари.

ССМ потсетува дека согласно последната објава на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата, за август 2020 година, изнесуваше 27.535 денари.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2020 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 2,1 отсто, додека индексот на цените на мало бележи раст од 1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.