дома Македонија Haрачани соопштенија за миp во куќа: И HCДП пиша дека остануваат во...

Haрачани соопштенија за миp во куќа: И HCДП пиша дека остануваат во Влада

НСДП на овие локални избори одлучи да биде дел од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, група на прогресивни политички партии кои со своите национални и локални политики покажаа дека се гарант за напредокот на државата, развојот на општините и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, велат од партијата.

Резултатите од првиот круг на локалните избори, поддршката од граѓаните која ја добивме како коалиција, создава дополнителна обврска да продолжиме напред, да ја почитуваме нивната изразена волја, да ја развиваме локалната демократија и ги штитиме државните интереси.

НСДП е цврста и единствена во одлуката за останување во владејачкото мнозинство и продолжување по политичкиот пат кој води кон прогрес на државата, за активно партиципирање во креирањето и спроведувањето на национални и локални политики кои се во функција на интересот на сите граѓани.

Ги повикуваме граѓаните во вториот изборен круг својота поддршка да ја дадат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, затоа што тоа е избор не само за најдобрата понуда за општините, туку и за државата, за стратегиските определби за европеизација, се вели во партиското соопштение.