February 6, 2023, 5:12 am

Haциoнaлниoт кapaнтин вo Франција дaвa peзyлтaт: Блaг пaд нa бpojoт нa зapaзeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција регистираше 27.228 нови потврдени случаи на ковид-19 и уште 302 смртни случаи од таа болест во последните 24 часа, покажаа во неделата податоците на министерството за здравство.

Франција вкупно забележа 1.981.827 потврдени случаи на ковид-19, додека 44.548 луѓе починаа од вирусот, по што Франција стана седма во светот, пренесува Ројтерс.

Забележан е благ пад на бројките од претходниот ден во поглед на новите потврдени случаи и починати.

Франција е среде својата втора национална блокада, чија цел е сузбивање на ширењето на вирусот, а првиот национален карантин траеше од март до мај.

Владата на претседателот Емануел Макрон како краен рок за оваа блокада го постави 1. декември, иако наведе дека би можела да го продолжи, доколку смета дека тие бројки на паѓаат доволно брзо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This