дома КОВИД-19 (Коронавирус) Haд 2.000 cтoпaнcтвeници викeндoв ce вakциниpaлe вo Србија

Haд 2.000 cтoпaнcтвeници викeндoв ce вakциниpaлe вo Србија

Повеќе од 2.000 стопанственици, членки на Стопанската комора на Македонија, викендов во Србија се вакцинираа против КОВИД.

Примија „АстраЗенека“ во спортската сала „Чаир“ во Ниш, а како што велат од Комората за МИА, ревакцинацијата им е закажана на 19 и 20 јуни 2021.

-Ова е прва ваква акција. Ја организиравме со поддршка на Стопанската комора на Србија во рамки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), истакнуваат од Комората.

Според Стопанската комора се поминало во најдобар ред, а македонските стопанственици, и покрај големиот број граѓани кои вчера дошле непријавени за вакцинација, завршиле со имунизација до 20 часот.

-Во оваа прва акција практично овозможивме вакцинирање на членките кои се дел од органите и структурите на управување на Комората, а бројот на вакцини го определи српската Комора за секоја од коморите-членки на КИФ, нагласуваат за МИА од Стопанската комора на Македонија.