дома Свет Haд 60 зaтвopeници избeгaa вo Либан, пeтминa oд нив зaгинaa вo coобpaќaјкa

Haд 60 зaтвopeници избeгaa вo Либан, пeтминa oд нив зaгинaa вo coобpaќaјкa

Повеќе од 60 лица избегаа од затвор во Либан, а петмина од нив загинаа кога нивниот автомобил удри во дрво, соопштија Меѓународните безбедносни сили на Либан.

Тие избегаа од затворот Бабда в зори откако ја скршиле вратата од ќелијата, соопшти државната новинска агенција ННА, додавајќи дека безбедносните сили ја опколиле областа.

Безбедносните сили за Ројтерс велат дека осуммина затвореници се фатени.

Властите започнаа истрага за бегството од затвор, пренесува ННА.