Haмaлeн бpojoт нa пaциeнти вo штипcкиoт Koвид цeнтap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во штипскиот Ковид центар намален е притисокот за сметување на пациенти и нивен болнички третман. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека во модуларната болница, каде што се лекуваат пациентите во тешка здравствена состојба хоспитализирани се 26, а имаат 21 слободен болнички кревет.

На Инфективното одделение денеска се лекуваат 32 пациенти, слободни места имаат за 28 лица. Утринава од ковид центарот, како оздравени пациенти си заминале 18 , а се примени седум. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека деновиве се намалува бројот на пациентите, но и потрошувачката на кислород, којашто достигнуваше дневно и над еден тон.

-ДЕНОВИВЕ ИМАМЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ТЕЧЕН КИСЛОРОД И ДВЕВНО СЕ ДВИЖИ ОД 600 ДО 700 ТОНИ. НО, ЗАГРИЖУВА ТОА ШТО ПАЦИЕНТИТЕ КОИ ДОАЃААТ СЕ ВО ТЕШКА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ЃЕОРЃИЈЕВ.

Апелира граѓаните да се воздржат од собирање и дружби за време на празниците, за да немаат повторно полни болнички капацитети, но и да си го зачуваат своето здравје и на најблиските во семејството, а особено на повозрасните граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This