April 23, 2024, 10:01 am

Haмaлyвaњe oд нaд 50 пpoцeнти нa бpojoт нa зa6oлeни oд гpип вo дpжaвaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на 51-вата недела од 2020 година (од 14-20.12.2020), во Република Македонија пријавени се 35 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип.

Бројот на регистрирани случаи во 51-ва недела е намален во споредба со минатата сезона (n=145) и со типичната сезонска крива (n=190).

Заболените се пријавени од 6 ЦЈЗ во Дебар – 20, во Кичево – 10, во Кавадарци – 2 и во Куманово, Прилеп и Тетово – по 1.

Во однос на возрасната дистрибуција, 12 лица се од возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Кумулативни податоци

Во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени изнесува 323 (I=15,6/100.000), 51,8% помалку во споредба со истиот период минатата сезона (n=670) и 67,3% помалку во однос на типичната сезонска крива (n=988).

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 134 случаи (41,5%), а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Вакцинација

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО).

За сезоната 2020/2021, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетни групи население.

Дополнителни дози вакцина се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи и истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест.

Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2020/2021 започна на 10.11.2020 и се спроведува во Здравствените домови и Општите болници со проширена дејност (бесплатна вакцинација) и Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици (приватни вакцини). Закажувањето за бесплатните вакцини ќе се одвива кај матичен лекар, преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, вакцинирани се вкупно 22.961 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини.

Од вкупниот број на набавени вакцини, 5.783 се аплицирани на здравствени работници и вработени во здравствените установи.

Во однос на комерцијалните вакцини, вакцинирани се 5.819 лица.

Заклучно со 51-ва недела, во Македонија, вакцинирани се вкупно 34.563 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This