Haмecтo cпpaвyвaњe co пaндeмиjaтa, влacта ги „пoчacти” гpaѓaнитe co нoвo зaдoлжyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ден на ден се појасно е дека оваа влада предводена од Зоран Заев не работи ништо кое ќе придонесе да се подобри животот на граѓаните. Единствено нешто за кое тие се насочени е тоа како повеќе да го задолжат народот.

Во текот на вчерашниот ден владата на СДСМ ја задолжи државата за нови 46 милиони евра. Имено како што е посочено од власта велат дека станува збор за заем кој се однесува за модернизација на земјоделството. Ова ново задолжување беше објавено и критикувано од страна на опозиција односно пратеникот Бојан Стојаноски кој посочи дека комисијата за финансирање и буџет во Собранието нема седница, а да нема задолжување.

-Нов ден, нова недела, ново задолжување од 46 милиони евра! Заем за модернизација на земјоделство, а замислете ниту евро нема да заврши кај земјоделците !Комисијата за задолжување, финансирање и буџет во последниот период нема седница, а да нема задолжување.Се задолжуваме како да ќе нема утре, а најголемиот дел од овие пари ќе одат за обуки, советодавни услуги, физибилити студии, мониторинзи, евалуации (читај: крадење на народни пари), а многу, многу малку за капитални проекти.За четири години потрошија скоро 17 милијарди евра народни пари, а сега им текна пред избори да се задолжуваат. Еден капитален проект нема!, напиша пратеникот Стојаноски во неговиот фб статус.
 
Само за потсетување пред само дваесетина дена за само два дена власта ја задолжи државата за 850 милиони евра односно Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони. Нема поминато една година од пандемијата, а Македонија е задолжена за над 1 милијарда и 200 милиони евра нов долг. 
 
Најжалосно е тоа што државата секојдневно се задолжува за големи суми и тоа во период на пандемија, а од тоа задолжување нема ништо кое ќе им помогне на граѓаните да ја надминат кризата. Нема вакцини, се губат човечки животи, фирми пропаѓаат,граѓаните губат работни места, а власта без никаков срам продолжува да го зголемува јавниот долг. 

Изовр: kurir.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This