дома Балкан Haпаднат бугарскиот министер за образование за време на пpoтестите во Бугарија

Haпаднат бугарскиот министер за образование за време на пpoтестите во Бугарија

Полицијата денеска го приведе осомничениот напаѓач на бугарскиот министер за образование, Николај Денков, откако тој ја напушти зградата на претседателството во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се случи за време на протестот против антиепидемиолошките мерки во бугарскиот главен град.

Инцидентот со министерот Денков доведе до полициска интервенција. Напаѓачот и припаѓал на про-руската и популистичка партија „Преродба“, која ја предводи Костадин Костадинов.

Истовремено, прес-центарот на Министерството за образование соопшти дека врз министерот Денков не бил извршен физички напад и дека тој нема никакви повреди и е во одлична физичка форма.

Освен пред зградата на претседателството, денеска протест имаше и пред Министерството за здравство против утрешното воведување зелени сертификати.