дома Европа Haпад во Франкфурт, paнeти неколку лица

Haпад во Франкфурт, paнeти неколку лица

Неколку лица се ранети денеска во напад со нож во германскиот град Франкфурт. Според АП, неколку лица биле нападнати со нож од маж, кој бил уапсен.

Локалната полиција на Твитер објави дека никој од повредените не претрпел повреди опасни по живот.

Полицијата не објави детали за напаѓачот, ниту посочи колку лица се повредени, пренесува Танјуг.

Локалната телевизија Хашеншау објави дека нападот се случил во близина на главната железничка станица во градот и дека сите повредени биле пренесени во блиските болници.