На 14.01.2021 година, А.А.(21) од Кичево во полициската станица пријавил дека неговиот малолетен брат на улицата „Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, А.А.(43) од Кичево во полициската станица пријавил дека на улицата „Душан Јовески“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 14.01.2021 година во Полициската станица Кичево, Г.Б. (46) од село Другово и Л.Н. (51) од село Пополжани пријавиле дека на локален пат биле каснати од кучиња скитници.