Haпaднaта американска вoeнa база во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Воената база во Сирија, која ја користат САД и нивните западни сојузници, денеска е нападната, јави телевизијата „Арабија“.
Базата се наоѓа во близина на сирискиот град Танф.
Телевизијата наведува дека биле извршени неколку напади во таа област во близина на базата на западната коалиција во провинцијата Хомс, која се наоѓа во близина на границата со Ирак.
Сириската телевизија додаде дека во базата се слушнале неколку експлозии .

Засега нема информации за евентуална материјална штета или жртви во инцидентот.
Кон крајот на октомври, базата Танф беше изложена на ракетен оган и воздушни напади со беспилотни летала. Претставник на американската команда во Ирак тогаш потврди дека овој објект бил нападнат, прецизирајќи дека американските војници немале загуба, туку е причинета само материјална штета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This