дома Хроника Haпaднaт пoлицaeц вo Гостивар – cтopитeлoт пpивeдeн

Haпaднaт пoлицaeц вo Гостивар – cтopитeлoт пpивeдeн

Во текот на вчерашниот ден лице од село Балиндол физички нападна полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

Вчера на крстосницата од булеварите „Браќа Ѓиноски” и „Гоце Делчев” во Гостивар, полицајци го привеле И.Б. (49) од село Балиндол, Гостиварско, затоа што физички нападнал полицаец додека извршувал службени дејства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.