Haпaднaт cиcтeмот за cepтификaти: Миниcтepcтвoто зa здpaвство aпeлира вakциниpaнитe дa извaдaт нoви пoтвpди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство вчера соопшти дека во текот на завчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано ЕУ сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk , треба да генерираат нов преку веб-порталот. Станува збор за безбедносен протокол за да се спречи користење на лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

Сите земји што имплементирале EUDCC , како што се посочува, се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Македонија.

Како дел од ваков напад на систем, завчера трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EУ сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Македонија.

Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, ЕУ сертификатите на граѓаните на Република Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен EУ сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk, посочуваат од Министерството за здравство.

Актуелните мерки и правила за патување во Грција, односно документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, што важат и за државјаните на Македонија, остануваат непроменети, како и во изминатите месеци, а единствената промена е што се продолжени за две, наместо за една седмица, како што беше пракса досега, јави вчера дописничката на МИА од Атина.

Министерската одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапи вчера во сила, важи до 12 ноември 2021 година во шест часот наутро.

Сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се неопходни за патување во Грција, а невакцинираните и оние кои не прележале, задолжително ќе бидат тестирани при влезот во земјата.

Како и досега, за влез од Македонија, отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This