Haјважниот натпревар во македонската фудбалска историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот напаѓач Александар Трајковски смета дека натпреварот со Украина, в четврток ќе биде клучен за „црвено-жолтите“ кои се дебитанти на Европското фудбалско првенство.

– Ако ја победиме Украина големи се шансите да ја поминеме групата. До крај ќе се бориме да одиме во следната фаза и да ги израдуваме нашите навивачи. Ни преостануваат уште два натпревара. Имаме време да се подготвиме, шансата постои. Мислам дека средбата со Украина е клучна за нас. Покажавме против Австрија дека можеме да се „носиме“ со квалитетни противници. По Украина ни следува Холандија, но уште еднаш ќе повторам, дуелот против Украинците е многу важен за нас. Истото се однесува и за нив кои беа поразени во почетното коло. Ние сме подготвени за оваа борба и убеден сум дека ќе ја добиеме, изјави Трајковски.

Натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Украинците ќе се игра в четврток (17 јуни) со почеток во 15 часот на „Арена Букуршет“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This