дома Македонија Ha кpajoт нa 2019 во Maкедонија имало нaд двa милиoни житeли

Ha кpajoт нa 2019 во Maкедонија имало нaд двa милиoни житeли

2 502 892 ова е бројот на македонски државјани. Податок го добивме од МВР според евиденицјата на матични броеви, но овде се опфатени сите државјани, и тие во земјава, и тие во странство.

МВР треба да биде една од институциите чии бази на податоци ќе се користат за пописот планиран за следната пролет. Според, предложениот, но се уште не донесен закон пописот ќе се спроведува со комбиниран метод, па така покрај традиционалното собирање податоци теренски, ќе се користат и регистрите со податоци на институциите.

Според Заводот за статистика на крајот на 2019 населението во земјава изнесувало 2 076 255. Но, Симовски објснува дека оваа бројка се формира врз основа на пописот од 2002 во комбинација со бројките на родени и починати од тогаш како и информациите за надворешна миграција. Но, податоците за иселените не се прецизни единствениот одговор може да го даде најмасовно статистичко истражување кое во земјава не е направено речиси две децении.

МВР има податоци на иселени македонски државјани кои се пријавиле дека се во странство или пак биле регистрирани кога ваделе документи во амбасадите. Бројката што ја добивме е 158 122. Надвор од државата се водат 103 883, а статус Дијаспора имаат 54 239 лица.

Но, овде недостасуваат оние граѓани кои работат и живеат во странство а не се регистрирани по никој основ. Сериозно поголема бројка на иселени покажа извештајот на Светска банка за миграција според кој над 440 илјади граѓани ја напуштиле земјава до 2010.

Според директорот на статистика предвидено е во моменталното населени да се пребројат освен резидентите и оние кои се иселени не повеќе од 1 година како и странците кои живеат тука повеќе од 1 година. Во посебна категорија ќе бидат преброени македонските државјани кои живеат во странство повеќе од една година .

Од Еуростат не се мешаат во однос на попишувањето на ислелениците. Очекуваат генерално пописот да се проведе според препораките на ОН