Ha Меркел нe и ce бeндиcyвa Твитер cycпeнзиjaтa нa Трамп: “За cлoбoдaтa нa миcлeњe нe мoжaт дa oдлyчyвaaт шeфoви нa coциjaлни плaтфopми”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За германската канцеларка, одлуката на корпоративниот гигант Твитер трајно да ја суспендира сметката на сè уште актуелниот претседател на САД е проблематична бидејќи за слободата на мислење не можат да одлучуваат шефови на социјални платформи. Замислете како на логалните либерални ретарди кои побрзаа да ја оправдаат ваквата одлука на Твитер, сега им се случува мозочен „Blue Screen of Death“.

„Фундаменталното право за слободно мислење е фундаментално право од елементарна важност и такво право може да биде физиономирано само преку закон и платформа дефинирана од легислативата а не преку одлука на менаџменти на социјални медиуми“, изјави портпаролот на Меркел, Штефан Сеиберт.

„Од оваа перспектива, канцеларката оценува дека е проблематично сметката на американскиот претседател да биде трајно блокирана.“

Портпаролот објасни дека лагите и разгорувањето насилство исто така се „многу проблематични“ теми но начинот на справување со нив е во рацете на државата која треба да зацрта легална регулаторна процедура.

Комплетното блокирање на нечии политички погледи со укинување на неговата сметка или профил е одење предалеку, оценува Меркел која, според нејзиниот гласноговорник, смета дека доскорешните предупредувања за спорни твитови било пасент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This