Ha Петрињa my ce зakaнyвa 2012 cцeнapиo?: Дyпкитe ce зakaнyвaaт дa пpoгoлтaaт кyќи, ќe се зa6paни движeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради состојбата со дупките што се јавија во местото Меченчани во Хрватска, по земјотресите од Петриња, ќе се воведуваат посебни мерки.

Според последните информации во Меченчани се отвориле 88 дупки, од кои некои се доста големи. Дел од дупките опасно се закануваат на куќите.

Дупките се појавуваат и се шират по разорниот земјотрес кон крајот на декември, и претставуваат опасност за жителите на Меченчани, Токму поради нивната сигурност се воведуваат мерки, јавува Индекс.

Уште не е дефинирано за какви мерки се работи, но најверојатно ќе се воведе забрана за движење што значи, ќе се забрани обработување на нивите во временски период од шест месеци. Во меѓувреме ќе се работи на санација на дупките.

Според Кризниот штаб, најдобро е што во куќите кои се загрозени повеќе не живеат луѓе. Но, во селото има уште доста жители.

„Луѓето не сакаат да си заминат од дома. Имаат стока, не сакаат да го остават своето богатство. Поставени се пет контејнери за оние луѓе на кои дупките им се најблиску, за да можат во нив безгрижно да преспијат“, вели шефот на штабот. Контејнерите се поставени кај училиштето, затоа што според геолошките истражувања на земјиштето, таму е земјата е најцврста, со друга структура и има најмалку шанси да се појави дупка.

За донесување мерки, се чека професорите од Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство да дадат препораки, кои деновиве интензивно работат на терен. Анализата е при крај, а потоa ќе бидат готови и резултатите.

За земјоделците кои би биле опфатени со мерките Агенцијата за плаќање во земјоделството ќе обезбеди поддршка, а Штабот ќе им обезбеди храна за скратеното производство.

Бруно Томљеновиќ од посочениот Факултет денеска бол во Меченчани одделечено 25 км од Петриња, и вели дека пред три недели почнале со скенирање на земјиштето за да утврдат каде се тиа каверни, шуплини под земја, каде доаѓа до рушење на земјиштето.

Тој предложил ако се носат контејнери за населението, да се постават на игралиштето во училиштето затоа што таму земјиштето е посигурно од околното во селото.

Ќе се преиспитува и состојбата на околните патишта, а потоа ќе се испитува геофизички и црпалиштето за вода од каде оди магистрален восовод во два првци.

Потоа треба да се утврди и состојбата на куќите.

Во моментот се загрозени четири или пет куќи, каде дупки се појавиле уште по првиот земјотрес.
Некои од тие дупки и се шират, но тој вели дека за среќа, барем во нив никој не живее.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This