дома Македонија Hacилниkoт кoj ќe „ceчeл глaви“ вo автoбyc имaл дocиe – пpeтeпaл cлyжбeник...

Hacилниkoт кoj ќe „ceчeл глaви“ вo автoбyc имaл дocиe – пpeтeпaл cлyжбeник нa ЈСП

Лицето кое е приведено во полициска станица по вчерашниот „Инцидент“ во абвтобус на ЈСО кога се заканувал со сечење глави и фрлање во киселина – имал историја со повеќе кривични дела, дознава Сител.

Тој пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.

Снимката која била споделена на социјалните мрежи, наводно, била од пред 2 – 2 и пол месеци, а ЈСП прво треба да открие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот. 

„Ние се уште не можеме да провериме што точно се случувало, како започнал инцидентот од видео-снимките од камерите што снимаат во делови од автобусите со оглед на тоа што се уште не е утврдено точно во кој автобус се случил настанот. Целата ситуација ја отежнува тоа што никој од учесниците од настанот, ниту нашиот возач не пријавил за ваков настан, вели портпаролката на ЈСП-Скопје, Деспина Трајковска Димова.