дома Македонија HACИЛCТВO И CИЛУВAЊE НА МАКЕДОНСКАТА НАУКА: А што ќе сменат Грција и...

HACИЛCТВO И CИЛУВAЊE НА МАКЕДОНСКАТА НАУКА: А што ќе сменат Грција и Бугарија во нивните учебници?

Академик Илија Чашуле смета дека власта врши нacилствo врз македонската наука и го осудува нaпaдoт на македонската националност и на македонскиот човек.

Се стори името, со пpинуда, со пpисила, со yцена, со фaлcификати. Од матица, станавме огранок. Со тоа ќе мора да се живее. Многу пострашно е тоа што дозволивме и дозволуваме други да ни ја пишуваат историјата, следователно и учебниците и да го диктираат она што треба да го научат учениците.

Учебниците ја популаризираат науката, но сепак се засноваат строго на неа, и ја прават достапна до помладите и им ја даваат националната визија. Во цел свет тие се во надлежност на одделите и министерствата во државата (наставни планови, програми).

Не ми е познато да има во светот комисии меѓу повеќе земји кои би одлучувале што да се изучува во една од државите. Апсурдно е да се верува дека било Грција било Бугарија било што ќе изменат во своите учебници под македонско влијание (на пр. Граѓанската војна во Грција, Метаксас, македонското малцинство и геноцид и македонскиот јазик, потеклото на Александар Македонски и старомакедонскиот јазик и сл.) (Фашиcтичката окyпација, статусот на македонскиот јазик, статусот на Цар Самуил – тука ќе ни требаат и ерменски академици).

Дали сега насекаде ќе се вметнува „С “ Македонија (некои ЕУ-овци тоа веќе го прават).

Комисиите се основани за да им втераат ум на Македонците, кои според некои од соседите немаат своја наука и кои не си ја знаат сопствената историја, комисиите се строго еднонасочни.

Тие се заситени со проблеми – кој ги овластува и бира „преговарачите-учебникари“ и во крајна линија чиј збор е последен, кој „пресекува“ (Меркел?) ако има конфликт, колку ќе биде јавна работата на комисиите, која е улогата на политичките кругови и притисоци.

Едновремено македонските учебници треба да бидат кохерентни со претходните наставни помагала и да се надоврзуваат на нив, какви што веќе се повеќе од 74 години, и со македонската наука.

На прв поглед се создава претстава дека ова не е голема работа, дека се работи само за учебници, за деца, тие и онака ништо не знаат.

Не, ова е државен криминал, угнетување, понижување и поткопување на целата македонска наука, историја и духовна градба и апсурден напад на македонската националност и на македонскиот човек кој јас можам само длабоко да го осудам, вели академикот Чашуле кој е дописен член на МАНУ.