Haceднaлe нa измaмaтa нa пoлицaeц: Грчката пoлициja yaпcи двe лицa зa швepц нa дpoгa oд Македонија во Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во организирана акција на грчката полиција во саботата во близина на Лерин биле уапсени две лица за внесување и продажба на дрога на грчка територија од Македонија, откако во Грција влегле нелегално и на полицаец кој се претставил дека е купувач се обиделе да му продадат нешто помалку од три килограми канабис.

Од грчката полиција соопштуваат дека се уапсени двајца странски државјани на возраст од 38 и 40 години, кои во рурален дел на Лерин во близина на границата со Северна Македонија се обиделе да продадат два килограми и 885 грама суров канабис.

Во рамките на активностите на полицијата за спречување на шверц на дрога на грчка територија и добиените информации за мрежа која пренесувала и ширела дрога од Македонија во Грција, била организирана полициската акција.

-Беше закажана средба за купопродажба на дрога, каде што се појавија горенаведените странски државјани, кои претходно нелегално влегоа во нашата земја, 38-годишниот со мотор, а 40-годишниот со автомобил и на полицаецот кој се претстави дека е купувач му продадоа два килограми и 885 грама суроц канабис, за 5.800 евра, соопштуваат од грчката полиција.

Биле конфискувани моторот, автомобилот, дрогата и три мобилни телефони, а двајцата уапсени се товарат за внесување и продажба на дрога во Грција, како и за прекршување на законот за странски државјани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This