дома Македонија Hajaвено обeдинyвање и масовни пpoтecти пpoтив Цapовска

Hajaвено обeдинyвање и масовни пpoтecти пpoтив Цapовска

Министерката за образование Мила Царовска не ги разбира дејностите кои ги води во владата.

Ова е една од причините поради кои професорката и меѓународен експерт за образование Јасна Котеска бара обединување на сите луѓе во образованието.

Целта е да се натера Царовска да си даде оставка.

“Ги повикувам сите образовни работници во Република Македонија да се обединат во барање на неотповиклива оставка на Мила Царовска од место министерка за образование и наука поради основно неразбирање на дејностите во ресорот кој го води”, пишува во апелот Котеска.

Царовска лани предизвика турбуленции во јавноста со проектот за реформа на образованието и укинување на посебениот предмет историја а деновиве е остро критикувана поради обидот да ги укине печатените учебници за дел од учениците.