дома Временска Прогноза Hajaвa зa cтyдeн бpaн и зa зacилeн ceвepeн вeтep oд нaд 60...

Hajaвa зa cтyдeн бpaн и зa зacилeн ceвepeн вeтep oд нaд 60 КМ нa чac

Почнувајќи од утре попладне и во вечерните часови најпрвин Долж Повардарието, а во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец што ќе биде најава за спуштање на постуден воздух од север.

Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Утре и во понеделник времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд а на планините ќе провејува слаб снег. Максималните температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека во понеделник истите ќе бидат за 3 до 4 степени пониски од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Во вторник ќе имаме намалување на облачноста и времето ќе биде претежно сончево, додека од среда ќе има повремено умерена локална облачност, ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде претежно тивко со што по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

Од вторник температурите на воздухот ќе бидат во мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека во местата со магла и ниска облачност ќе остане постудено.