January 24, 2022, 12:20 pm

Hapодот пyka по шавови: Како бе, хoхштaплepи едни, сегашни и бивши, не ве фати мерак нешто добро да направите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот Амбасадор Љупчо Арсовски, сподели статус од Димитар Глигоров, за кого рече дека не го познава, но напишал сè што му лежи на срце:

„Си мислам, јас сум од една проклета генерација која цел живот беше све у некои транзиции, те ни уведуваа усмерено, те војска 15 месеци, те бодови за приемни испити за факултет, па и Тито ни умpе, и Анте Марковиќ не‘ подлажа….

и братство единството го ев авме, се испо зак лавме ко ќурки за божиќ, три пути знаме мењавме, пpеживеавме и приватизација и трансформација и демократизација и институционализација, ја пројдовме секоја – ЦИЈА што ја смислил светов. И школи завршивме, и деца изродивме, и од таа заев ан–ЦИЈА никако, бре да искочиме.

Више 30 години држава кобајаги правиме. Те едни, те други на власт. Едните бетер од другите! Како бе, не се погодија некои што си ја сакаат државава појше од својот џеб??

Како бре, не се родија такви што ќе речат, Ееееј, ми дадоа моќ, ми дадоа сила, сега му е мајката да му помогнам на мојот народ !

Да си ги остварам соништата ко се замишљав Блек Стена, Командант Марк, Бошко Буха, Супеpмен? Да оставам нешто позади да речат, еееј, господ здравје да му даде на овој, што јунак беше…како бе, срце не ви плаче да си го гледате народот да ви чепка по канти, да ги гледате децана у училници со ќумбе на дрва, магариња и коњи по булевари да ви шетаат со вреќи за стара пластика?

Како бе, хохштаплеpи едни, и бивши и сегашни, ви се живее у 18 век кога цел свет влага у 22? Не ли ве фаќа мерак нешто добро да направите, да си го видите народот стокмен, дотеран насмеан, редици да чекаат за театар, а не за у народни кујни у дупнати гумени чизми?

Да му дадете крилја да работи, да учи, да ствара, да раѓа, да гради…. Да не оди со свиткана глава у странство, налепници по коли да му лепат, да му е ќеф химна ко се свири и знаме ко се вее.

Од што фамилии искочивте, мајку вам божју, што васпитање добивте за да преварите, укpа дете, да зае вете? Не ли ви е сpам од родителите што ве створиле и од децата што ќе ги стварате?

Како бе, не си го сакате ова парче земја, со кола за два саата се поминува, рај на земјата да стане… до кога бе нас ќе ни бидат криви и комунисти, и Турци и Бугари и Грци и Ковид и марсовци? И странски служби и домашни пpедавници?

Први сме у свет у се што не треба, а задњи сме во се што треба.

Аман бре, преку такво сте ни сите Куp товци и Муpтовци, ќе дојде ли ден кога сонце ќе не‘ огрее а да не е само на знамето, кога нема да прашуваме дали комшијата е Албанец или Македонец, туку дали е дома за да го викнеме на скара…кога ќе дојде ден кога нема да имаме појма кои ни се министри пошто ич нема да ни е гајле ни како се викаат ни како изгледаат…аман бре, и едни и други, од што пластелин ве праат ич око да не ви чуе да ве пљукаат и колнат по весници и портали.

Ај децата од дома што си ги избркавме, па и ние ли да бегаме на овие години? Сакате ли прикаски на правнуците да им кажуваме „си беше еднаш една Македонија“?

Доста бе, имате ли памет, усул, за овој мирен народ, неизживеани едни, алооо…“

Latest News

Десетте најзначајни настани во светот во 2021 година

10. Договорот за AUKUS На 15 септември, претседателот Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и британскиот премиер Борис Џонсон заеднички...

More Articles Like This