дома Временска Прогноза Hayтpo cтyдeнo дo -10, пpeкy дeн coнчeвo co тeмпepaтypи дo 14 cтeпeни

Hayтpo cтyдeнo дo -10, пpeкy дeн coнчeвo co тeмпepaтypи дo 14 cтeпeни

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура ќе се движи од -10 до -2, а дневната од 4 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на стабилно, сончево време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Во текот на ноќта кон недела во источниот дел од земјата ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд, на планините од снег.