December 6, 2022, 6:23 pm

Heмa бeгaњe oд пpaвдaтa: Бугapcкитe opгaни пoзитивнo oдгoвopиja нa бapaњeтo зa ekcтpaдициja нa Игор Спасов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Игор Спасов нема да побегне од правдата. Градскиот суд во Софија донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во Македонија.

По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата.

Барањето за екстрадиција на 10.02.2021 го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ.

Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година. МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This