дома Балкан Heнopмaлнa paбoтa: Пpoгoлтaл 87 пaкyвaњa co kokaин – пpивeдeнo 50-гoдишнo лицe нa...

Heнopмaлнa paбoтa: Пpoгoлтaл 87 пaкyвaњa co kokaин – пpивeдeнo 50-гoдишнo лицe нa aтинcкиoт aepoдpoм

Странски државјанин (50) е уапсен на атинскиот аеродром во обид да внесе во Грција над еден килограм кокаин, што го проголтал во 87 пакувања.

Уапсениот ги проголтал пакетчињата со дрогата, а во Грција пристигнал од Гвинеја, патувајќи со авион преку Италија.

Од грчката полиција соопштуваат дека дрогата со вкупна тежина од 1.080 грама била конфискувана, а 50-годишниот бил уапсен во рамките на контролите за спречување на внесување на дрога во Грција од африканските земји.