Heвидeн cлyчaj вo Apгeнтинa: Обвинeти ce двajцa мaжи зa cилyвaње и y6иcтвo нa нoвинapкa – eдинcтвeниот cвeдoк вo oвa злocтopcтвo e пaпaгaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аргентинскиот суд започна судски процес против двајца мажи обвинети за силување и убиство, а единствениот сведок на судењето ќе биде папагал.

Новинарката на аргентинската новинска агенција Елизабет Алехандра Толедо беше силувана, а потоа убиена на 30 декември 2018 година. Целото злосторство се случило во нејзиниот изнајмен стан, а осомничени за нејзиното убиство се двајцата цимери на кои го изнајмила станот.

Полицаец кој бил во непосредна близина на нивниот стан слушнал вресоци што доаѓале од станот. Кога провалил во него, нашол кафез со папагал кој одговорил:

– О, не, пушти ме – извикал папагалот.

Потоа го видел трупот на жената и веднаш ги повикал своите колеги кои направиле истрага на самото место.

Истражителите веруваат дека реченицата изречена од нејзиното милениче била последната од Елизабет, пред да биде убиена на брутален начин.

Нивните сомневања ги потврди и соседот кој слушнал како папагал од терасата повторува „зошто ме удри“ додека гледал како еден од осомничените мажи го напушта станот.

Покрај овие изјави на папагалот, резултатите од анализите на ДНК пронајдени на нејзиното тело, исто така, ги поддржуваат тврдењата дека двајцата се одговорни за нејзината смрт.

ДНК земена од каснувањето на нејзината десна рака припаѓа на еден од двајцата мажи, пренесува Bild.de.

Двајцата обвинети се Мигел Ролон (53) познат како Мамбо и Хорхе Раул Алварез (63). Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со доживотен затвор за силување и убиство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This