Heвepojaтнo: Шпaнcки лek пoкaжyвa гoлeмa eфикacнocт вo лekyвaњe нa Koвид-19?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанската фармацевтска компанија ФармаМар во вторникот извести дека во магазинот Сајенс е објавена статија која потврдува дека нејзиниот лек Плитидепсин има „силно претклиничко влијание“ во лекување на ковид-19.

Студијата која ја спроведе тим на научници од Њујорк, Сан Франциско и Париз покажува дека лекот влијае на намалување на размножувањето на вирусот, што резултира со 99 отсто намалување на вирусот во белите дробови на животните третирани со Плитидепсинот, објави Сајенс.

Лекот е веќе одобрен на некои пазари

„Веруваме дека податоците со кои располагаме и почетните позитивни резултати од клиничките испитувања на ФармаМар укажуваат на тоа дека Плитидепсин би требал да се разгледа во проширените клинички испитувања за лекување на ковид-19“, пренесува Сајенс.

Лекот, кој веќе е одобрен на некои пазари за лекување на тумор, го блокира протеинот поврзан со вирусот ковид-19.

Компанијата ФармаМар извести дека веќе е во преговори со различни регулаторни агенции кои ќе и овозможат почеток на третата фаза од испитување на лекот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This