Heдостоинствено cвeдoчeње на Протуѓер за здpaвствените пpoблеми на Груевски: Сведоците на Стефанова се „пaциeнти“ на обвинителcтвото кои фрлaaт кocка за да не седнат во oбвинителна клупа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во основниот суд Скопје 1 продолжија процесот на искази на сведоци на обвинителството за случајот “Плацеви на Водно”.

Интересно е што повторно повеќето сведоци на обвинителството се негови “пациенти” во изминатите години, односно луѓе кои се под прогон на обвинителството така што дел од нив се обидуваа да ја говорат вистината но истовремено внимаваа да не ја налутат обвинителката Лиле Стефанова, па кажуваа и некои работи за кои сметаа дека неа ќе ја задоволат иако беше очигледно дека се невистина, а со цел истата да не тргне во одмаздничка акција кон нив.

Таков беше исказот на Мартин Протуѓер кој раскажуваше приватни разговори во четири очи со Груевски за кои и самиот кажа дека нема никакви докази и незнае дали добро разбрал, кои во поголемиот дел се неважни и нормални разговори во секојдневно комуницирање на двајца блиски луѓе и соработници. Сепак, и тој во еден дел на изјавата се обиде да и фрли “коска за глодање” на Лиле Стефанова веројатно со цел да нема одмазднички акции кон него, бидејќи очигледно е дека за да се спасува себе, уценет прифатил да биде соработник на обвинителството.

За Протуѓер Инфомакс во неколку наврати пишуваше дека уште од минатата година е станат близок соработник на Зоран Заев и е во честа комуникација со него, што и самиот Заев не го крие во комуникација со неговите партиски колеги.

Протуѓер недостоинствено раскажуваше приватни разговори пред над 10 години меѓу кои и дека Груевски имал хроничен проблем со дишните патишта што веројатно е точно бидејќи навистина Груевски забележително секоја зима имаше обилно и долготрајно кашлање што беше регистрирано и од медиумите особено во време на кампањи. Потоа раскажа дека лекарите му препорачувале да живее на повисоко каде воздухот е почист, и дека од тие причини размислувал да најде некој плац во Сопиште.

Протуѓер кажа и дека тоа размислување за живеење во Сопиште Груевски го имал од 2009 континуирано до 2016 година кога веќе почнал да гледа и конкретни локации, но не купил земјиште. “Беше запнат за Сопиште…” прокоментира тој.

Иако нема ништо лошо во оваа изјава, ќе напоменеме дека информациите на Инфомакс се дека токму Протуѓер размислувал а можеби и купил земјиште во Сопиште, одкако претходно според истите информации, купил па по многу повисока цена продал земјиште во Жданец, за што сеуште ги истражуваме деталите и на чие име било тоа.

Потоа сакајки да и се додвори на обвинителката Лиле Стефанова и на Зоран Заев, кажа и дека некаде во 2011 година Груевски му спомнал дека земал некое земјиште од 10.000 метри квадратни на Водно, но без детали околу тоа.

Но, Протуѓер неколку пати нагласи дека потоа Груевски продолжил да размислува околу живеење во Сопиште и неговиот впечаток бил дека ништо не биднало од купувањето на тоа земјиште на Водно од страна на Груевски. Ова Протуѓерго нагласи неколку пати.

И конечно кога опозицијата го отворила прашањето за плац на Водно на Груевски, Протуѓер денес кажа дека го Груевски тоа не е точно, дека тој сепак не купил плац на Водно, како што и Протуѓер претходно имал стекнат впечаток, и побарал од него да демантира а подоцна и самиот го демантирал нападот од опозицијата.

Дека Протуѓер не ја говори вистината во делот на земјиште на Водно асоцираат две работи.

Едната што јасно укажува дека стекнал впечаток дека Груевски иако така рекол сепак не купил земјиште на Водно бидејќи и потоа продолжил да размислува околу плац за куќа за живеење во Сопиште, континуирано па се до крајот на неговиот мандат во 2016 година.

Второ, тој посочи дека сватил дека тоа земјиште на Водно е некаде кај куќата на бизнисменот Ристо Гуштеров а земјиштето за кое обвинителството го товари Груевски не е таму и е на друга локација. Ова значи дека во овој дел тој не ја научил добро лекцијата од Лиле Стефанова и практично, кога судијата би бил праведен и професионален, таа нема никаква правна корист од сведочењето на Протуѓер во оваа судска постапка бидејќи тој говори за друго место и потврдува дека впечатокот му е дека Груевски не го купил тоа земјиште, а и во 2015 година Груевски лично му потврдил во приватен разговор дека не го купил.

Протегер нагласил дека тие лични разговори за тоа каде би живееле еден ден, биле еден вид издувен вентил во секојдневното напнато и стресно работење, а одговорам и на прашање кажа дека нема никакви докази за тие меѓусебни разговори.

Инаку Протуѓер говореше и за тоа дека како генерален секретар не се мешал во својата работа и дека финасикото работење го дал на други да го работат, а тој немал никаква допирна точка со пари на партијата. На прашање одговори дека никогаш не видел дека Груевски земал партиски пари.

Според наши сознанија Мартин Протуѓер е сопственик и на деловен простор во близина на познатото „Хемпро“ во центарот на градот, сепак сопственоста на овој деловен простор формално правно е на близок пријател на екс шефот на кабинет на премиерот Никола Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This