April 24, 2024, 10:17 am

Heдeлaвa ќe ce paзгoвapa зa eвeнтyaлни pecтpикции нa гpaницитe пopaди Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез на границите, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите.

Во моментов, здравствените експерти чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види како се однесува делта сојот на коронавирусот кај луѓе кои се или не се вакцинирани.

Акцентот, засега, како што вчера информира министерот за здравство Венко Филипче е ставен на вакцинацијата. Повторно апелираше што поголем број граѓани да се вакцинираат поради тоа што, како што рече, после оваа мутација може да дојде некоја друга.

Филипче смета дека треба да се препорачаат мерки кои ќе бидат ефикасни, но во моментов оцени дека ситуацијата е мирна и нема голем број прегледи по болниците за пациенти суспектни на Ковид-19.

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 2.518 тестирања беа регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19, а со тоа бројот на активни случаи засега е 156. Најголемиот број од новите случаи се регистрирани во Тетово – 11 и Скопје – осум. Починати пациенти не беа регистрирани во претходното деноноќие.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројот на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486.

Во однос на вакцинацијата на децата против Ковид-19, Филипче вчера истакна дека кај нас нема да биде задолжителна. Тој завчера изјави дека ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“, што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

Бројот на вакцинирани во земјава надмина 400 илјади, а вакцинацијата, Министерството за здравство оценува дека се одвива непречено. На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера се вакцинирани 400.235 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This